Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Само интервју“ на ТВ Канал 5 потенцираше дека минатиот викенд градоначалници дале отчет за сработеното изминатите 365 дена на политичкиот саем во организација на партијата, нагласувајќи дека лично е задоволен од досега сработеното, и додаде дека СДСМ наместо постојано да ги критикува градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, да каже кои проекти ги реализираа градоначалниците на СДСМ и зошто воопшто немаа отчет.

Јас не очекувам од СДСМ да излезе на прес конференција и да каже секоја чест на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, не би личело на нивниот карактер бидејќи таму имаме докажани политички измамници и нормално е дека тие ќе се обидат сето тоа кое што е направено да го девалвираат, да лажат, да измислуваат, но они се такви и ги знаеме, вели тој.

Но, како политичари требаше да покажат разлика. Која разлика? Разликата е дека и тие имаат околу 18 градоначалници  и да кажат градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев направи тоа, градоначалниците на Росоман и Демир Капија направија тоа. Видовте вие такво нешто, не видовте. Градоначалникот на ВМРО-ДПМНЕ Андон Сарамандов во Гевгелија направил тоа, градоначалниците на СДСМ во Валандово Перо Костадинов, Анго Ангов во Дојран, во Богданци Блажо Шапов направил тоа и тоа. Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ Ристов од Конче, Ристов од Радовиш, Манчев во Босилово, Божинов во Ново Село, Андонов  во Василево направиле тоа, но што направил Костадин Костадинов, каде се оние работи што ги ветил, видовте вие некаков отчет? Не. Тоа прават вистински политичари, работат за граѓаните, да критикувај, но кажете и што сте направиле и сработиле, порача Мицкоски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.