Општина Кисела Вода ќе набави мерна станица за квалитет на воздухот која ќе биде поставена во непосредна близина на фабриката Цементарница.

Како што известуваат од општината, денеска на страницата на Бирото за јавни набавки е распишан оглас за јавна набавка, со што наскоро граѓаните ќе имаат увид во квалитетот на амбиенталниот воздух.

Ова претставува реализација на уште едно ветување од програмата на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, кое се реализира по прифаќање на предлогот на советниците од Советот на Општина Кисела Вода. Она што преостанува е потребата од неселективен ангажман на градот Скопје и на централната власт преку своите ресорни Министерства, бидејќи здравјето на граѓаните мора да биде на прво место, велат од општината.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.