Најголем дел од вработените прифатија да се вратат на своите работни места и задачи, изјави Косана Николиќ Мазнева за Телма ТВ. Таквиот епилог, како што истакна, бил резултат по целодневните разговори.
„Формирана е работна група од прва и од втора смена, заедно со трета, и излезени се на терен со потребната механизација. По целодневните преговори, најголем дел од вработените прифатија да се вратат на своите работни места и задачи. Вечерва екипите се придружувани од полиција. Во текот на утрешниот ден ќе следат постапки за откази на онаа група која три дена го узурпираше претрпријатието. Против иститие поднесени се денеска и кривични пројави за загрозување на безбедноста и здравјето на граѓаните, вели Мазнева за ТВ Телма.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.