Освен скопските матуранти, годинава на „Матурската парада“ ќе учествуваат и нивните врсници од триесетина градови во Словенија, Словачка, Унгарија, Србија, Црна Гора.

По двегодишна пауза заради пандемијата со коронавирус ковид-19, овогодишната „Матурска парада“ во сите земји учеснички ќе се одржи на 20.05.2022 година, точно напладне, во 12:00 часот. Во Скопје „Матурската парада“ ќе се одржи на Плоштадот „Македонија“.

Во Скопје годинава ќе учествуваат средните училишта: СУГС „Раде Јовчевски Корчагин“, СУГС „Панче Арсовски“, СУГС „Браќа Миладиновци“, СУГС „Георги Димитров“, СМУГС „Д-р Панче Караѓозов“, СЕПУГС „Васил Антевски Дрен“, СУГС „Владо Тасевски“, СУГС „Димитар Влахов“, СУГС „Орце Николов“, СУГС „Лазар Танев“, СУГС „Шаип Јусуф“, СУГС „Јосип Броз Тито“, СУГС „Кочо Рацин“, СУГС „Марија Кири Склодовска“.

Организатор и носител на заштитена марка за Република Македонија: Дирекција за култура и уметност на Скопје, која манифестацијата во Скопје ја реализира во соработка со Танцовиот спортски клуб „Ритам плус“.

Покровител на манифестацијата во Скопје е Градот Скопје, а поддржувачи се делегација на Европската Унија, Универзитетот за туризам и менаџмент, МДН Обезбедување.

Освен скопските матуранти, годинава на „Матурската парада“ ќе учествуваат и нивните врсници од триесетина градови во Словенија, Словачка, Унгарија, Србија, Црна Гора.

Во изминатите години учесниците од стотина градови од Македонија, Словенија, Италија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Романија, Бугарија, Албанија, Украина, Унгарија и Австрија во седум наврати поставуваа гинисови рекорди во истовремено синхронизирано играње на ист танц – кадрил. Вкупниот број на учесници на „Матурската парада” во изминатите години во сите градови учесници ја надминува бројката од 500.000 матуранти.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.