Бошњачкиот национален сојуз (БНС) денеска организира традиционалниот комеморативен „Марш за Сребреница“ во знак на почит и сеќавање на жртвите од геноцидот во Сребреница.

Маршот ќе започне во 18:30 часот, преку булевар „Џон Кенеди“, Стара скопска чаршија, плоштад „Филип Втори“, и ќе заврши на плоштад „Македонија“ во 19:30 часот.

Од 19:30 часот до 20:00 часот ќе има комеморативна програма по повод од сеќавање на жртвите на геноцидот во Сребреница.

Во Собранието денеска седница ќе одржи и Комитетот за односи меѓу заедниците на која на дневен ред е Одбележувањето на 11 Јули-Ден за сеќавање на геноцидот во Сребреница



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.