Данела Арсовска се однесува како Гестапо од времето на Хитлер, таа е манипулатор со комплекси кои ги лечи врз вработените. Вака во поткастот „Претрес“ Умејр Муамеди, поранешен советник на Данела Арсовска, ја опишува скопската градоначалничка и нејзиниот однос откако стапи на функцијата.

Ако се скара некој со неа, таа ќе ја смени бравата од канцеларијата каде што тој работел. Неподнослива е со вработените, има арогантен однос. Може некој да биде распределен во пожарна во Драчево. Малтретирани се. Јас ги разбирам, имаат кредити. Има луѓе со долгогодишно искуство кои се распределени. Еве Мирослав од Инспекторатот не е повеќе таму, беше достапен за сите. Исто така раководителката за образование е преместена во Драчево, вели меѓудругото Муамеди.

Но, не е само односот кон луѓето за кој Муамеди ја соголува во јавност.

Тој зборува за платните списоци, тендерите и исплатите од градската каса, имотот на градоначалничката, „службените“ патувања…



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.