Главниот извршен директор на АД „Водостопанство“ Локман Љимани поднел барање до Комисијата за урбанизам на Град Скопје на земјиште во сопственост на ова државно претпријатие да бидат вцртани станбени објекти, вели Левица во партиско соопштение.
Се работи за атрактивно земјиште, лоцирано кај стадионот Локомотив во општина Карпош.
Љимани, кој порано беше и директор на Државен градежен инспекторат, сега бара наместо зеленило кое е предвидено со последната верзија на ДУП-от, да бидат вцртани станбени згради.
АД „Водостопанство“, како акционерско друштво во државна сопственост, треба да ги заштитува и застапува потребите и интересите на жителите на Република Македонија. Во овој случај, барањето за вцртување на станбени згради е во целост спротивно на потребите на жителите на Општина Карпош, велат од Левица.
Истовремено, до Левица пристигнала информација дека Љимани ова барање го доставил по налог на контроверзниот инвеститор Фатмир Етеми, кој подоцна треба да го купи имотот.
Јавно го повикуваме Локман Љимани да објасни какви потреби АД „Водостопанство“ има од станбени згради. Исто така, алармираме Комисијата за урбанизам на Град Скопје по ова барање да постапи согласно потребите на жителите на Општина Карпош, а не граѓаните да бидат жртви на уште едно сценарио како случајот со Мајчин дом, велат од Левица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.