Во Домот на АРМ денеска од 9 до 17 часот ќе се одржи традиционалната 21. крводарителска акција по повод празникот Успение на Пресветан Богородица.

Целта на акцијата е да се обезбедат поголеми количини на крв во летниот период, заради можноста од недостаток на крв и крвни деривати.

Организатори се Црвениот крст на Македонија, Општинска организација Центар и Институтот за трансфузиска медицина.

Акцијата започна во 2003 година со 146 дарувања, а денеска се зборува за бројка од 4391 единици крв, или во просек 220 крводарители по акција.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.