Зошто се кандидирам за градоначалник на Скопје? Затоа што доволно го гледавме сивилото на градот и појаснувањето на одговорните дека треба време нешто да се преземе. Градот тоне во нечистотија, загаден воздух, урбанистички хаос, неорганизиран систем за јавен транспорт. За мене ова не претставува недостаток на време, туку недостаток на одговорност и квалитетно менаџирање. На Скопје му недостига систем, на Скопје му недостигаат брзи и ефикасни решенија. Доста ни е од чекање, доста ни е од континуирани изговори, време е да почнеме заеднички да ги решаваме проблемите. За мене не е проект реконструкција на улица, тоа е обврска на градоначалникот. За мене не е проект поставување на осветлување, тоа е обврска на градоначалникот. За мене проекти се суштински измени во градот што ќе им овозможат поквалитетен и подобар живот на скопјани.
Не сакам да живееме со убави спомени за Скопје, сакам заеднички да создаваме нови убави спомени за нас и идните генерации – се заколна пред своите граѓани Данела Арсовска пред нешто повеќе од три години.
На овој голем ден за Скопје, 13 Ноември, се запрашавме што градот и скопјани добија од „модерното“ на Данела после три години удобна фотелја?
Објективот на Република ќе го доловува „модерно“ Скопје. Но секако вашите фотографии се добродојдени.
Испратете ни го вашиот кадар од она што ви пречи во главниот град на [email protected], ние ќе го споделиме со целата јавност.
Автори: М.М/ Б.Б.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.