7 години поминаа од овој хаос. 7 години национални понижувања, 7 години продавање на македонскиот идентитет, култура, јазик, историја. 7 години политички затвореници, родољуби, патриоти, уставобранители се уште се по македонските затвори само затоа што си ја сакаат Република Македонија. 7 години бевме под тортура, но не попуштивме. 7 години оваа криминална банда на чело со Али Ахмети, Артан Груби, Зоран Заев, Димитар Ковачевски, Спасовски и останатите сакаат да ни ја одземат слободата. Дојде време за промени, за 3 дена од сега ги имаме претседателските избори. Треба да направиме разлика помеѓу нашиот кандидат и останатите кандидати. Имаме еден претседател кој наутро едно зборува, навечер друго зборува, а ние имаме меѓународен експерт кој ги истрпи сите предизвици во македонското Собрание и не дозволи национално предавство. Токму затоа треба да гласаме за професорката Гордана Силјановска Давкова, идниот претседател на Македонија – изјави вечерва Зоран Коцевски, пратеник од од ВМРО-ДПМНЕ, кој говореше на вечерашниот митинг во општина Гази Баба



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.