Денес заедно со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски сме во Бутел на увид во неколку градежни активности. Моментално се наоѓаме на комплексот спортско-рекреативниот центар кој што ќе го носи името „Го сакам Бутел“, рече во изјава за медиумите градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски.
Во изминатиот период веќе изградивме неколку вакви спортско-рекреативни центри и по поддршката на граѓаните за тоа што го правиме продолживме интензивно да градиме. Ова е веќе во некоја си средна фаза, би рекол и во завршна фаза, како и на останатите места ќе има фудбалско, кошаркарско игралиште, игралиште за најмладите, за децата и еден убав парковски потег каде што ќе може да се рекреираат и повозрасните жители. За неколку дена од сега ќе почнеме со градба на уште вакви два спортско-рекреативни центри во населеното место Љуботенски пат и во населеното место Бутел 1 познато како ударници. Веќе започнавме и еден убав квалитетен проект, конечно општина Бутел ќе добие и нов плоштад, кој што ќе се протега од 2.500 метри квадратни, веднаш позади општинската зграда, проектот е готов, за неколку дена тендерираме, веќе место се зачистува и конечно бутелчани ќе добијат еден простор каде што ќе можат да одржуваат и културни манифестации, во тек на пролетниот и летниот период. Од почетокот на оваа година до сега реализиравме, асфалтиравме 15 улици, некаде до почетокот на есента ќе асфалтираме уште 15 улица, тоа би биле 30 и се надевам дека до крајот на годината ќе бидат можеби и 50-тина улица, што ни одблиску не се случило во минатото на територија на општина Бутел. Исто така би сакал да истакнам почеток на реализација на еден од носечките проекти што беа во предизборна кампања моја, а тоа е уредување, целосно уредување и изградба на ново корито на реката Серава во потегот на село Радишани во должина на 1.500, поточно 1.400 километри и изградба на нова трим патека, конечно општина Бутел да добие едно вистинско место за рекреирање. Проект во вредност од 35 милиони денари кој што општината ќе најде сила да го реализира. Веќе како што напоменав документација е во завршна фаза, проект има. Во текот на вчерашниот ден дојде и измена на проект, требаше да го измениме и за многу скоро ќе го тендерираме – истакна Костовски.
Продолжуваме да го менуваме ликот на територија на општина Бутел интензивно и најголем мотив за тоа ни е поддршката секојдневно од страна на граѓаните и поздравување на сите проекти кои што се реализираат со голема динамика, додава Костовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.