Секогаш сум тука кога е потребно за нашиот народ! Општина Бутел е општина за сите граѓани!Овој немил настан којшто се случи пред неколку дена во населбата Бутел 1 на улицата Хо Ши Мин, во кој беа опожарени две бараки, уште еднаш покажа колку сме силни како народ и колку можеме да се обединиме и да си помогнеме.
За опожарените бараки ќе помогнам максимално. Денес на мој предлог со одлука на советот од моите резерви ослободивме средства за да помогнеме на овие две семејства, а дополниелно се што треба јас стојам на располагање.
Изразувам голема благодарност до сите хумани луѓе, кои веднаш помогнаа на нашите чесни сограѓани.
Јас ќе направам сѐ што е во моја можност, за Каро, неговата фамилија и неговите комшии повторно да имаат топол дом – објави градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.