Во текот на изминатиов викенд, непознати сторители опожариле три сада за одлагање отпад лоцирани на булеварот Крсте Мисирков, во близина на Бит Пазар. Опожарените контејнери беа со зафатнина од 3,2м3 и сите се целосно уништени и неупотребливи.

Од почетокот на годинава беа опожарени вкупно девет пластични контејнери поставени на јавни површини. Со цел да не се наруши динамиката на одлагање, собирање и транспорт на комуналниот отпад,  ЈП Комунална хигиена-Скопје во најкус можен рок сите опожарени садови ги замени со нови.

ЈП Комунална хигиена-Скопје апелира да престане уништувањето на садовите за одлагање отпад, за екипите на Претпријатието да можат навремено да ги извршуваат своите работни обврски на терен, согласно Оперативната програма за работа.

Сите случаи на опожарување на контејнерите се пријавени до надлежните органи и се очекува да бидат преземени соодветни мерки за да се пронајдат и санкционираат сторителите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.