Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје на социјалните мрежи објави дека е потпишан договор со приватните автобуски превозници и од утре тие повторно ќе почнат да сообраќаат низ улиците на главниот град.
Како што се наведува во објавата, договорот е потпишан денеска од страна на новиот в.д. директор на ЈСП Скопје Крсте Петревски и претставниците на приватните превозници и дека веќе од утре приватните превозници ќе ги опслужуваат линиите 23, 45, 61, 63, 73, 9, 11, 11A, 12, 47A, 55, 19, 20, 22, 52, 54, со, како што се вели, 105 модерни автобуси кои ги исполнуваат еколошките стандарди согласно јавниот повик.
– Со новиот начин на работа и стандардизацијата во јавниот превоз, граѓаните ќе добиваат квалитетна и навремена услуга, а буџетите на Град Скопје и ЈСП Скопје ќе бидат заштитени од злоупотребите и самоволието кое во минатото било пракса, се вели во објавата на ЈСП Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.