Со наближувњето на пресудата за случајот „ТНТ“ излегуваат на виделина намерите на власта на СДСМ и на бизнисменот Фијат Цановски поврзани со случајот „ТНТ“.

Како што анализира „Инфомакс“ намерата е Цановски и луѓето околу него да поделат од 20 до 40 милиони евра како оштета.

Во 2011 година беше срушена дивоградбата во тек на градба на фирмата “Фине” зад која стоеше тогашниот пратеник Фијат Цановски. Дивоградбата беше срушена со одлука на општината но и на судовите во сите истанци во време кога градоначалник на општината Гази Баба беше Тони Трајковски.

Иако фирмата на Фијат Цановски при рушењето  имаше обврска да ги сруши темелите тоа не се случи.

Наместо тоа , тој одлучил на истите  изградени и несрушени темели и подземно изграден гаражен простор од два нивоа од објектот кој се сруши само во делот над земјата, да почне нова градба и со тоа можеби да заработи дополнителни десетици милиони евра.

На потег е општина Гази Баба дали ќе ја спречи натамошната изградба на овој овој објект.

Извор: Инфомакс.мк

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.