Центарот за управување со кризи соопшти дека можната нестабилност на мостот надвозник кај Визбегово, Скопско, како и парчиња бетон што висат од него претставуваат опасност за луѓето и возилата коишто се движат по него, но уште повеќе за тие што се движат под него.

Во неколку наврати побаравме интервенција од потенцијално надлежните институции но опасноста се уште не е отстранета. Денеска повторно јавно ги повикавме надлежните институции но и медиумите и граѓаните. Институциите да реагираат, медиумите дополнително да истражат и информираат, а граѓаните да пријават било каква опасност на бројот 112, се наведува во соопштението од ЦУК.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.