Во четврток на плоштадот во Автокоманда ќе се одржи традиционалната „Пивтијада“.Манифестацијата има културен, натпреварувачки и хуманитарен карактер.

Во рамки на културниот дел на манифестацијата ќе настапат естрадните уметници Влатко Миладиновски, Бојана Скендеровски, Миле Кузмановски и Групата Аманет.

Во рамки на натпреварувачкиот карактер на манифестацијата граѓаните ќе имаат можност да се натпреваруваат со најубаво украсена пивтија.
Комисија од општината ќе изврши избор на три најубаво украсени пивтии и истите ќе бидат наградени.

Во хуманитарниот дел од манифестацијата секој граѓанин преку купување на пивтија ќе има можност да донира, по што собраните средства ќе се донираат во хуманитарни цели.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.