Денешната прес-конференција на СДСМ и соопштенијата на Левица во изминатите денови, се уште една потврда за деструктивната коалиција помеѓу овие две политички партии. Тие сѐ уште се во обид за дефокус на јавноста од лошите и штетните политики кои СДСМ заедно со Левица ги реализира на централно ниво, а кои секојдневно ја носат државата во политичка, економска и финансиска бездна, велат од општина Аеродром.

Новите градинки, училишта и улици се новата реалност во Аеродром, а Зелената обврзница е инвестиција во објекти кои ќе донесат промени и подобар живот во Аеродром.

Промени кои очигледно им пречат на коалицијата СДСМ и Левица, која донесе сиромаштија, криминал и корупција за граѓаните. Со лошите политики кои оваа коалиција кои се спроведуваат на централно и локално ниво, СДСМ и Левица неуспешно се обидоа да ја закочат и блокираат изградбата и реализацијата на проекти кои единствено ќе донесат подобро утре и подобар живот за граѓаните на Аеродром.

Напоменувам дека Општина Аеродром останува посветена во процесот на реализацијата на капиталните проекти и инвестиции, и уште еднаш потсетуваме дека ова е обид за замајување на јавноста со лажни соопштенија и неточни информации и дефокус на јавноста од несекојдневните проблеми, велат од општината.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.