Од ЈП „Паркови и зеленило“ објавија јавна реакција за некултурата и вандализмот покажан од посетителите на Градскиот парк во Скопје.
Како што велат од претпријатието, несовесните граѓани зад себе оставиле отпадоци и ѓубре доволни за да се наполни цел камион.
Како ова да не беше доволно, наидовме на три фрлени клупи во езерцето во врвиот дел на паркот по што веднаш ги извадивме, додека во вториот дел затекнавме превртена мобилна тоалетна кабина.
Упатуваме АПЕЛ до сите граѓани да не фрлаат ѓубре и совесно да ги користат и чуваат парковските елементи при посета на парковите и да се грижат за природата која е од огромно значење за сите нас – се вели во реакцијата на „Паркови и зеленило“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.