Ниту приватните превозници не возат низ скопските улици, оти и тие зависат од субвенциите кои треба да ги добие ЈСП. Пред Град Скопје, има околу 400 вработени во ЈСП, кои ќе бараат од советниците да изгласаат одлука за да тие земат плата. Претседателот на Синдикатот на ЈСП Миќо Стојановски, посочи дека ако се донесе одлука за исплата на средства за само еден месец – градски превоз нема да има.
Како ќе функционира јавниот превоз и како ќе се однесуваат вработените, ќе зависи од денешната седница на Советот на Град Скопје, каде на четврта седница по ред, не се гласаат субвенциите за ЈСП. Затоа се собравме во голем број, за да извршиме притисок врз советниците кои не ја носат одлуката. Ако денеска, седницата заврши онака како што вработените и синдикатите сакаат, односно како што мора да заврши, тогаш вечер, јавниот превоз ќе функционира нормално – рече претседателот на Синдикатот на ЈСП Миќо Стојановски.
Тој додаде: Ако парцијално биде донесена одлука односно одлука месец за месец, што на вработените не им одговара оти се ближат избори кога нема да можат да се носат одлуки, тогаш јавниот градски превоз ќе биде стопиран во наредниот период и нема да се одвива на улиците на Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.