Јавното претпријатие „Градски паркинг“ ја пресели канцеларијата во Карпош, која до неодамна се наоѓаше кај Агенцијата за катастар, на нова локација.
Карпошани, кои имаат потреба од услугите на ЈП „Градски паркинг“, од овој месец за сите прашања поврзани со зонското паркирање, кое постепено се воведува на територијата на оваа општина, можат да ги посетат работните простории на претпријатието сместени на улица Борка Талески број 67, зад Млечен ресторан.
Канцеларијата е отворена секој работен ден во периодот од 8 до 20 часот и во сабота од 9 до 17 часот. Граѓаните за сите информации можат да се јават и на телефоните 070-309-144 и 02/305-1324 или на меил: [email protected].
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.