ЈУ “Универзална сала“ – Скопје и Град Скопје објавуваат ЈАВЕН ПОВИК за програмски активности за манифестацијата БЕЛА НОЌ 2024.

Оваа година ќе се одржи јубилејното 20-то издание на „Бела ноќ“, како препознатливо обележје на Град Скопје за активности од областа на културата на територија на централното градско подрачје, каде ќе се одбележи уметноста и креативниот потенцијал на градот преку настани кои ќе ја заинтригираат јавноста.

За таа цел ЈУ “Универзална сала“ – Скопје и Град Скопје, распишуват Јавен повик за учесници кои се заинтересирани да аплицираат и да понудат иновативна програма со цел да се збогати културната понуда на градот Скопје.

Овогодинешното издание на “БЕЛА НОЌ“ ќе се одржи на 5 октомври 2024 на повеќе централни локации низ градот Скопје.

На конкурсот можат да се пријават уметници кои творат во следниве области: ВИЗУЕЛНИ УМЕТНОСТИ (Ликовна уметност, фотографија, инсталација, видеоарт, стрип), ПРИМЕНЕТИ УМЕТНОСТИ (Архитектура, визуелен/индустриски/веб дизајн, мода, дигитални креации, видеоарт и инсталации), МУЗИКА, ФИЛМ, ТЕАТАР, ЈАВНА УМЕТНОСТ, УРБАНИ ИЗВЕДБИ И ПЕРФОРМАНСИ.

Селекцијата ќе биде направена од страна на жири комисија врз основ на поднесените апликации а водејќи се од критериумите: квалитет, иновација и оригиналност на идејата, презентирање и афирмирање на современото творештво, урбаната култура и јавната уметност во опсег на предложениот концепт.

Повеќе информации за Јавниот повик може да најдете на www.univerzalna.mk/belanok .

Крајниот рок на аплицирање е 19.08.2024.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.