Во недела (17.11.2024 год) во период од од 9 до 12 часот или до ослободување на затворените улици, поради одржување на Атлетска трка, неколку сообраќајници ќе бидат затворени, па од тие причини дел од линиите од јавниот превоз ќе сообраќаат по изменет режим од вообичаениот, соопштија од ЈСП.
Во целост ќе бидат затворени улиците од пред ТЦ Палома Бјанка до Црвен крст (ул.Димитрие
Чуповски и ул.11ти Октомври) и од Собранието до ГТЦ (ул.Филип Втори Македонски).
Изменети траси ќе имаат линиите 4, 4А, 5, 7, 15, 21, 21А, 21Б, 22, 23, 24, 27, 50, 50А, 57 и 59.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.