Од денеска, понеделник, 11 април во билетарниците и центрите за персонализација на ЈСП Скопје пуштен е во продажба дневен билет кој чини 120 ден и важи за повеќекратно користење на сите линии во текот на еден ден.
Новиот тип на билет важи од 05 до 24 часот, со можност за неограничен број возења, односно преседнувања на сите линии (градски и приградски).
Патникот има обврска да го валидира билетот на постоечките валидатори во секое возило во кое ќе преседнува.
Билетот се воведува со цел да се овозможи подостапно и полесно користењето на јавниот превоз на оние патници кои имаат потреба од повеќекратно користење на јавен превоз во текот на еден ден, а не поседуваат електронска картичка „Скопска“ (туристи, граѓани од внатрешноста, граѓани кои инцидентно имаат потреба од јавен превоз и слично).
Новата услуга, новиот билет е согласно Одлуката на Совет на Град Скопје за изменување и дополнување на Одлуката за Интегриран тарифен систем во линискиот превоз во градот Скопје со цел унапредување и олеснување на услугите на корисниците на јавниот градски и приградски превоз.
Цената на сите останати билети останува иста.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.