Директорот на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Златко Перински, заедно со Градоначалникот на Општина Карпош, Стефчо Јакимовски извршија увид на работните активности за реконструкција на атмосферската канализација на ул. Кораб, во Општина Карпош.
Инвестицијата на ЈП Водовод и канализација – Скопје за изведба на овој проект е 13.909.711 денари. Реконструкцијата се реализира со употреба на цевки со дијаметар од 1000, 800 и 300мм, со вкупна должина од 372 метри.
Целта на проектот е реконструкција на атмосферската канализација, на улица Кораб и пренасочување по дел од ул. Јуриј Гагарин, со што ќе се надмине долгогодишниот проблем, со кој граѓаните од овој дел на Скопје се соочуваат, особено за време на пообилни врнежи.
Ова е дел од инвестициската програма на ЈП Водовод и канализација со која се прави ревитализација на атмосферската канализација и дел од заложбите за подобрување на условите за живот на скопјани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.