Екипите на сектор Канализација при ЈП Водовод и канализација – Скопје, од утринава се на терен за расчистување на сливниците и шахтите на територија на град Скопје, соопштија од компанијата.

Со оглед на најавените врнежи од снег во следните денови, екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, континуирано ќе продолжат со теренските активности со цел непречена функционалност на атмосферската канализација.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.