Екипите на ЈП Паркови и зеленило интензивно работат на терен и ги уредуваат зелените и цветните површини низ градот. Во Центар се сади сезонски цветен расад од видот виола, а во вториот дел на Градскиот парк се подготвува теренот за садење нови садници.

На повеќе локации низ градот се засадуваат нови квалитетни садници, односно во Центар на булеварот 11 Октомври се садат 50 садници зимзелени брзорастечки грмушки и 5 од видот туи.

На 16 Македонска бригада, во општина Гази Баба, продолжува етапно хортикултурното уредување на Паркот Скулптура, додека на улица Бутелска продолжува хортикултурното  уредување на јавните површини.

Во реоните Центар, Ново Лисиче и на булевар Србија на цветните површини се засадува сезонски цветен расад. Дополнување на сезонско цвеќе се врши и во леите на булевар Илинден и на булевар Климент Охридски.

Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“  на  булевар Александар Македонски поставуваат систем за полевање капка по капка на ново подигнатата цветна фигура знаме на Република Македонија.

По налог на Град Скопје екипите работат и во Рајскиот парк во Аеродром на нови објекти и реквизити, односно поставуваат видиковци, клупи, маси и корпи за отпадоци.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.