Нема напредок во проблемот кој настана меѓу ЈСП и приватните превозници, оценува Ленин Јовановски, сопственик на „Слобода превоз“ во интервју за порталот Фактор.
Вели дека е можна радикализација на протестите.
-Револтот е голем, притисокот кај превозниците е голем, се работи за егзистенционално прашање, секој ден имаат загуби, како правни лица, така и како приватни лица, на кои превозот им бил единствен приход во семејството, и кои сега се во многу неблагодарна и нелагодна ситуација. Обврските им стасуваат, а немаат како да ги сервисираат. Оние на кои превозот им бил единствен приход, се во многу тешка состојба, секако дека ќе бараат разни форми да го решат проблемот, неспорно е дека правдата е на нивна страна, и дека долгот треба да им се плати. Тоа е потврдено и со извештаите од ЈСП и со верификација од градот, и неспорно дека имаат право, затоа што тоа е одработено. Договорот е раскинат поради нивното застанување, неизвршување на превозот што е резултат на фактот дека не можат да ја вршат дејноста оти немаат пари нафта да стават во автобусите. Дополнително бензиските станици, доверителите кон кои имаат обвски, не ги сервисираат, оти долговите се големи. Ставени се во мат позиција, не можат да работат, појаснува Јовановски во интервјуто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.