Поради државниот празник 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба, во понеделник, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, ќе работат две билетарници, а Жичарницата ќе функционира вообичаено, соопштија попладнево од ЈСП Скопје.

Дежурни од осум до 14:00 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар – на излез и билетарницата во Ѓорче Петров. Жичарницата ќе работи од 10:00 до 18:00 часот, притоа 17:00 – 17:30 часот ќе биде последно возење од долу нагоре, односно во 17:45 часот е последно возење од горе надолу, се појаснува во соопштението.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.