Поради Меѓународниот ден на трудот – 1 Мај и верскиот празник Рамазан Бајрам, јавниот превоз во Скопје в понеделник ќе се одвива по неделен возен ред.
Од ЈСП „Скопје“ информираат дека во понеделник, од 7 до 14 часот дежурни ќе работат билетарниците кај Транспортниот центар и Зелено пазарче, како и во Ѓорче Петров.
Утре, сабота (30.04.2022 год), сите билетарници и центри за персонализација ќе работат вообичаено, а недела (1.05.2022 год) е неработен ден за сите продажни места.
Жичарницата за време на претстојниот викенд, како и в понеделник ќе функционира вообичаено од 10 до 18 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.