Во кујните на училиштата „Димо Хаџи Димов“ и „Владо Тасевски“ и во магацинскиот простор со кој стопанисува „Ванила фуд“ е извршен вонреден инспекциски надзор откако се регистрирани случаи на ученици заболени од салмонела. Во текот на денешниот ден ќе биде извршен инспекциски надзор и во училишните кујни во „Војдан Чернодрински“ и „Јан Амос Коменски“.

Вонредниот инспекциски надзор е извршен во соработка со Агенцијата за храна и ветеринарство, ЈЗУ Центар за јавно здравје и ЈЗУ Институт за јавно здравје. Согласно надлежностите на ДСЗИ земени се брисеви од работните површини, а од страна на АХВ примероци од храна од централниот магацин и кујните. Посетените објекти се времено затворени, информираа денеска од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Од Општина Карпош вчера информираа за случајот. Оттаму посочија дека се заболени девет ученици и дека во петокот за појадок имало мекици без јајца, а за ручек спанаќ без месо со кисело млеко. Фирмата која врши снабдување со храна во сите основни училишта во Карпош, како што информираа од Општината, сама побарала вонреден преглед.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.