Трговскиот центар „Ист гејт мол“ соопшти дека продолжува со работа од утре (4 септември) oд 10 часот.

Санацијата и дезинфекцијата на целиот објект се завршени и посетителите веќе од утре можат да уживаат во омилените продавници и ресторани, информираат од „Ист гејт мол“.

„Ист гејт мол“ беше затворен по невремето, што го зафати Скопје на 30 август, кога поради излевање на вода од атмосферската канализација на уличната мрежа беа поплавени неговите подземни нивоа, а посетителите и вработените беа евакуирани.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.