Во соработка со децата и родителите од трите центарски градинки, поделивме пакети со храна и хигиенски производи на згрижувачките семејства на деца без родители од Кале и малите групни домови во Капиштец, сподели градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Во рамки на акцијата реализирана од детските градинки, „Од дете за дете“, денес беше поделен 31 пакет на децата од социјално загрозените категории.

Сакам да им се заблагодарам и на нашите пријатели од невладината „Банка за Храна“, без кои овие хумани акции немаше да бидат можни, рече градоначалникот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.