Градоначалникот на Карпош и претедател на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, на прес-конференција соопшти дека негвата партија ја напушта коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ во општина Карпош. ГРОМ ќе делува опозициски, и нема да направи коалиција со СДСМ, рече Јакимовски.
Сите советници кои сакаат да соработуваме за решавање на проблемите на граѓаните, ќе бидеме поддржани. Јас сум градоначалник за сите и имам обврска да ги штитам сите. Ќе продолжиме опозиционо да делуваме и во интерес на граѓаните, рече Јакимовски.
Тој им се извини на членовите на ВМРО-ДПМНЕ кои го поддржале на изборите.
Сѐ што имам обврска кон нив ќе биде испочитувано, нема на никого да му фали влакно од главата. Моите обврски и натаму кон членовите на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги исполнувам. И по полноќ можат да ме контактираат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.