Вечерва имав чест да го означам почетокот на Меѓународниот фолклорен фестивал поддржан од Град Скопје, “САРАЈ ФЕСТ“ што се одржува по 12-ти пат во општината Сарај, напиша на својот фејсбук профил градоначаничката на град Скопје, Данела Арсовска.

Градот Скопје се гордее со овој меѓународен фолклорен фестивал, во кој три дена со богата културно-уметничка програма ќе се претстават со традиционални песни и ора 15 фолклорни групи и уметници.
На фестивалот настапуваат културни уметници и групи од Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија, Косово и уметнички групи од Македонија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.