„Инспирацијата морам да признам ја влечам од тоа што влегувајќи во Македонска Филхармонија прво го видов Иван Јорданов, член на извршниот комитет на УМС 2015-та година, а сега градоначалник на градот Штип. Го гледам во прв ред Тимчо Муцунски кој имаше убедливо најголемата победа во прв круг во општина Аеродром, општината од каде што јас доаѓам, исто и тој беше член на истиот извршен комитет на УМС. Димче е тука, Сергеј е тука, а потоа и Невена од следниот извршен комитет на УМС. Ова беа извршни комитети и се уште се извршни комитети на идеи, каде што се споредуваат визии, каде што се градат проекти. И се сеќавам 2016-тата година кога ја подготвувавме програмата за млади која што беше само еден сектор од големата програма на партијата. Имавме преку 230 доброосмислени проекти кои што требаше да ги одбраниме пред комисија на партијата, а од нив да влезат 50-тина или 60-тинам, кои што беа избрани како најдобри во таа програма. Истото се случи и следната година за локалните избори, а од другата страна имавте популизам, имавте залет, имавте една енергија која што беше поткрепена со ПР и силна кампања, со многу портали и платени медиуми, и за жал нашата визија не успеа да победи тогаш наспроти ПР-от“, истакна Стефан Андоновски, секретар за меѓународна соработка во ВМРО-ДПМНЕ и актуелен советник во Советот на Град Скопје на денешната панел дискусија „Младите и нивната перспектива во општините“ во организација на ВМРО-ДПМНЕ по повод 100 дена локална власт.
Андоновски додаде дека сепак квалитетните проекти на младите победија во 2021 година.
„Додека во Европа младите зборуваат за целосно дигитална комуникација помеѓу општината и младиот човек, или општината и граѓанинот, ние начекавме во Македонија комплетно затворени општини. Ќе ви дадам два многу едноставни примери. Градот Скопје во последните две години во просторот на Градот Скопје не влегол ниту еден човек, надвор од вработените. И ова е односот странка комунистичкиот израз странка наспроти модерниот европски израз клиент. Луѓето, граѓаните, младите во општините беа третирани како странки, вие треба да им завршите работи на оние кои што се на шалтерите, а не тие на вас, вие треба да им се потчините на оние кои што се на шалтерите, а не тие да бидат ваш сервис. Образложението зошто Градот Скопје е затворен затоа што беше тоа првото нешто што ги прашавме како советници беше дека имало корона. Но, наместо короната да биде алиби, во другите општини низ Европа короната беше основ како да се забрза дигиталната трансформација на општините. А, кај нас беше алиби, за да може административците и менаџерите на Градот да можат да си седат мирно во своите канцеларии и да си уживаат, да не работат ништо, да го напуштат Градот во 12 часот на пладне и да ги видите негде низ Дебар маало со првата чорба или првиот алкохолен пијалок“, појасни Андоновски.
Андоновски посочи дека за 100-тина дена во Градот Скопје се воведе емаил адреса на која што се решаваат проблемите на граѓаните. Тука е и телефонски број на кој што граѓаните може постојано да се јавуваат. Работат за викенди, и за попладневните часови. Градот Скопје сега е целосно отворен и било кој од младите луѓе и граѓаните ако сака да го посети мое слободно да дојде.
„Втор пример за една апликација што се вика „Е-заедница“ таа е апликација која што служи за секој граѓанин да може да комуницира со општината. На пример ќе сликате некој проблем, го праќате на апликацијата и тие веднаш го решаваат. Или пак можете да аплицирате за некои субвенции за тротинети, за велосипеди итн. Во четири години откако постои апликацијата само три општини во државата ја имаа усвоено, од која што само во една општина во државата активно функционираше. За сега во 100 дена седум општини се вклучени во проектот од кои што моите последни информации говорат дека за општините Кисела Вода и Аеродром веќе се готови апликациите. Што значи дека можело да се завршуваат работите побрзо“, рече Андоновски.
Андоновски укажа дека во Европа се зборува за дигитални платформи, за дигитални сервиси, се зборува за дигитално аплицирање, онлајн аплицирање за субвенции, за помош, за вдомување на миленик, за барање работа, за поднесување на документи итн. А, во Македонија се уште се бара потврда од матична книга на родени не постара од 6 месеци, со три печати, две заверки, три на нотар потписи, едноставно институциите не комуницираат. Ова е неразбирливо. Затоа е потребно сето ова да се промени за да се олесни животот на младите граѓани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.