Градоначалникот на Општина Кисела Вода, од каде започна проблемот со немањето на струја во Скопје, веднаш излезе на терен со цел расчистување на причините за пожарот кој предизвика прекин на струјата во Скопје, пишуваат Инфомакс.мк.

Ѓорѓиевски моментално излезе од партискиот настан во Филхармонија и за најскор можен рок стаса на местото на настанот, пишува порталот.

Причина за прекинот во напојувањето со електрична енергија во поголемиот дел на Скопје, е дефект во трафостаницата во Пинтија, информираа од МЕПСО за МИА.

Повеќе детали ќе соопштат откако ќе добијат информации од екипите испратени на терен.

Според првичните сознанија, во близина на трафостаницата имало пожар.

Поголем дел од Скопје попладнево остана без напојување со електрична енергија.

Без струја беа и се населбите Лисиче, Аеродром, Кисела Вода, Карпош, Водно, Козле, Ѓорче Петров, Мичурин, Автокоманда и дел од Центар.

Од ЕВН упатија на МЕПСО бидејќи проблемот бил во високонапонската мрежа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.