Градот Скопје со поддршка се вклучува во спроведување на сензорна терапија и третман на деца со аутизам од социјално ранливи групи што се реализира од Здружението за поддршка и третман на лица со аутистичен спектар и атипичен развој „Во мојот свет“ Скопје. За активностите и динамиката на реализацијата, денеска разговараа градоначалничката Арсовска со претставници од здружението.

– Со реализацијата на овој проект се овозможува квалитетен третман за сензорна интеграција на децата со аутизам и АДХД од семејства во ризик и со ниски примања. Овој третман нуди можност да се подобри квалитетот на живеење на деца со аутизам и АДХД и создавање услови за нивна самостојност, истакна Арсовска на средбата.

Спроведувањето на сензорна терапија и третман на деца со аутизам од социјално ранливи групи на децата им овозможува индивидуална дизајнирана најсовремена терапија за сензорна интеграција со вклучен логопедски и дефектолошки третман.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.