Пасивниот однос и нефункционирањето на ЗЕЛС, се причина за се повеќе градоначалниците ја губат довербата во организацијата . На наредната седница на управниот одбор е неизбежно да се дискутура дали ќе има смена на актуелната претседателка Данела Арсовска или пак решенија за како повторно се врати довербата , смета градоначалникот на Радовиш, Ацо Ристов, кој е член на Управниот одбор на ЗЕЛС.

Според Ристов, ваквите реакции се оправдани откако се покажа дека годината што изминува беше погубна за општините .

Најверојатно по Нова година на наредната седница ќе треба да ги отвореме сите овие прашања, да направеме ретроспектива на минатата година. Да ги видеме резултатите,да видеме што сме поставииле како цели и што сме постигнале. И врз основа на тоа ние треба да донесеме соодветна одлука, дали ќе менуваме нешто во управувањето или во пристапот во кој ЗАЕЛС ќе дејствува понатаму“ -изјави Ацо Ристов, градоначалник на Радовиш.

Наместо унапредување и суштински измени во начинот на финансирање на локалните самоуправи, изминатата година, општините се третираат како непријатели на државата. Ристов потенцира дека во изминатиот период освен регулирањето на пазарот на струја за јавните претпријатија мерка која доцна беше прифатена, преку ЗЕЛС не се изнајдоа решенија и за други проблеми со кои главно се соочуваат општините.

Ние како управен одбор, учесници на ЗЕЛС не успеавме мината година да мрднеме по ниедна точка. Прво мемерондамот за соработка Владата не сакаше да го потпише…Јас сум апсолутно незадоволен од она што ние како ЗЕЛС го направивме. Општините не добија ништо, напротив изгубивме многу. Упорно се однесуваме како да сме странци. Општините непријатели на државата, тоа го нема во ниеден систем на светот“ -изјави Ацо Ристов, градоначалник на Радовиш.

Годината што измина за голем дел од градоначалниците беше тешка и полна со предизвици и кочници од централната власт. Според Ристов без решение останаа проблемите со полагањето на директорските испити, уличното осветлување, распределбата на вкупниот буџет како и непоставувањето на критериуми и механизми за распределба на парите за капитални инвестиции кои во моментот се распределуваат по желба на министрите, а не на граѓаните.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.