Од Град Скопје истакнуваат дека новото раководство ги реализираше сите ветувања кои градоначалничката Данела Арсовска ги вети пред граѓаните во нејзината предизборна кампања за првите 82 дена од нејзиниот градоначалнички мандат.

Она што не можеа со години да го реализираат поранешниот градоначалник и најблиските соработници, Арсовска со својот тим го направи во првите 82 дена од мандатот. Скопјани се главен приоритет и решавањето на проблемите на граѓаните е императивот кој новата градска администрација го постави пред себе.

 

СДСМ не може да се помири со поразот кој го доживеа, а уште поголем притисок им создава фактот дека ќе се врши ревизија на сите сомнителни тендерски постапки и договори кои што биле склучени во време на Петре Шилегов. Наместо манипулации и лаги, СДСМ треба да се соочи со вистината дека се директно одговорни за неуспесите кои четири години наназад се нижеле во Град Скопје, додека ги трошеле парите на граѓаните за прослави и ручеци по кафеани.

 

Скопјани јасно знаат кој ги злоупотребувал нивните пари со години и кој придонел за стагнација на градот, а саботажите, нападите и агресијата на СДСМ се должат на тоа што за два месеци гледаат работа која ќе ја потенцира нивната неспособност од изминатите 4 години – се вели во реакцијата на Град Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.