Продожуваат активностите на Град Скопје и јавното претпријатија „Улици и патишта“ за зголемување на безбедноста за сите учесници во сообраќајот, преку реконструкција на постојната и поставување на нова хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација.

Деновиве се пуштени во употреба новите семафори со прекинувачи за најава на пешаци на крстосница на улица „Скупи“ со улицата која води кон населбата Бардовци, поставен е и нов семафорски столб на крстосница помеѓу бул. „8 Септември“ и улица „Скупи“, а на повеќе крстосници со булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ се поставени бројчаници на семафорите.

Дополнително, екипите на ЈП „Улици и патишта“ монтираа нови лантерни на семафорите на крстосницата бул. „Србија“ со бул. „Трета македонска бригада“, извршија санација на оштетените светлосни заштитни столпчиња по должината на улицата „Никола Карев“, а ја санираа и заштитната ограда на булеварот „Метрополит Теодосиј Гологанов“, на кружниот тек кај Католичка црква“ соопштија од Град Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.