Град Скопје уште нема набавено средство за прскање против комарци бидејќи пропаднал тендерот.
Според податоците на Бирото за јавни набавки, тендерот е поништен на 4 мај со образложение дека не е поднесена ниту една прифатлива понуда. Во меѓувреме е распишан нов тендер, ај ако биде успешен, договор со фирмата што ќе го добие ќе биде склучен во почетокот на јуни.
Од Град Скопје во понеделникот информираа дека неделава ќе го спроведуваат второ прскање против комарци кое ќе биде од земја.
„Тековното прскање против комарци се спроведува со средствата од залиха од претходните набавки, со цел навремено отпочнување на процесот во интерес на граѓаните. Јавната набавка на средства за прскање против комарци којашто моментално се спроведува е согласно со законската процедура“, се наведува во соопштението од Град Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.