Град Скопје ги известува сите даночни и таксени обврзници дека за оние лица кои не ги подмириле своите обврски за комунална такса фирмарина за 2021, 2022 и 2023 година, како и за должниците за данок на имот, се отпочнува со присилна наплата и забрана на користење средства.

Сите даночни и таксени обврзници кои немаат платено данок на имот и комунална такса – фирмарина за изминатите години неопходно е неодложно и веднаш да ги подмират своите обврски.

Граѓаните по добивањето на решенијата доколку забележат неправилности, истите треба да ги пријават на сајтот на Град Скопје (е-даноци), или преку одделот за пријавување на проблеми (http://gragjani.skopje.gov.mk/korisnik/), како и преку телефонските контакти:

За данок на имот: 072/204-434, 02 3297-316, 02 3297-539, 02 3297-280 и 02 3207-546.

За комунална такса-фирмарина: 02 3297-314.

За присилна наплата: 02 3297-296 и 02 3297-298.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.