Ако Мартин Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ сака да биде од корист на скопјани, на следната седница нека гласа за програмите за работа на јавните претпријатија и нека ги заслужи 500 евра паушал кои ги добива секој месец од скопјани за да глуми икебана, преку соопштение реагираат од Град Скопје.

Перински да не се крие зад Стојановски по вчерашниот дебакл, а апелираме до Мицкоски уште еднаш да ги преиспита погрешните политики кои му ги нудат неговите соработници.

Градот Скопје останува отворен за искрено партнерство со Владата во корист на граѓаните на градот Скопје, се наведува во соопштението.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.