Денес беше направен увид на градежни активности во село Драчево, место традиционално викано Оксиген, добро познато култно место за Драчево кое што до пред два и пол месеци беше една голема депонија која ја исчистивме како општина и можете да видите зад нас дека веќе прераснува во еден модерен ултра современ спортско рекреативен центар кој што на иницијатива на моите сограѓани од Драчево ќе го носи името на еден од загинатите бранители во конфликтот во 2001 година, Теодор Стојановски-Тоше, што е вака мое големо задоволство, истакна градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

Овој парк ги нуди можностите за сите генерации, од најмладите до највозрасните. Имаме две игралишта за баскет, за фудбал на истото, имаме детски катчиња, имаме летниковци за повозрасните категории за наши сограѓани, имаме патеки. Ќе биде целиот опелеменет со зеленило и со дрвја, така да се на се ќе биде еден многу убав, еден нов центар спортски-рекреативен во Драчево, нешто што недостасуваше и беше ветувано 30-тина години наназад. Конечно ние како гарнитура сега што ја предводиме општината дојде редот да го реализираме и верувам дека за 2 месеци од денес ќе се види и крајот на сето ова и ќе кулуминира со завршување на овој преубав проект – порача тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.