Продолжува да се менува ликот на Кисела Вода. За првпат досега се реконструира „Христо Татарчев” крак 1, 7, 9 и 11. Се работи за обемен потег на околу 3200 квадратни метри површина. Сообраќајници кои никогаш досега не биле обновени, а таков зафат бил потребен уште пред децении, велат од Општина Кисела Вода.

Оттаму додаваат дека се работи на целосна реконструкција на краците 1, 7, 9 и 11 од улицата „Христо Татарчев” од околу 3200 метри квадратни кои имаат видни оштетувања и не биле санирани повеќе од 20 години.

-Дел од овие улици, како што слушнав од разговор со жителите се правени со самопридонес и освен мали интервенции, никогаш досега не се целосно обновени. Тоа од сега е само минато. Како што му дадов збор на чичко Раде, на неговите соседи, на сите кои живеат тука дека нема да има неасфалтирана улица во Кисела Вода, така продолжуваме кон нашата цел. За кратко време од сега, тука ќе има комплетно нови улици кои ќе го олеснат секојдневието на мојот народ. Продолжуваме понатаму, изјавил градоначалникот на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски при денешниот увид во градежните активности за реконструкција на краците 1, 7, 9 и 11 на „Христо Татарчев“.

Тој потенцира дека ќе се интервенира на сите улици и, како што вели, со посветена работа ќе се овозможат современи услови за живеење.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.