Остваривме средба со унгарскиот амбасадор во Република Македонија, Н. Е. Ласло Дукс, информираше градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.
На овој работен состанок се дискутираше за можноста за реализација на бројни проекти, пред сѐ во насока на подобрување на економското функционирање на општина Кисела Вода.
На амбасадорот и неговото економско аташе, му беа презентирани нашите покрупни планови од Програмата кон кои може да се насочи интересот за заедничка соработка, а кои ќе ја направат општината поатрактивна за потенцијалните инвеститори.
На средбата се говореше и за унапредување на културната соработка, посебно што истата се случи во пресрет на Националниот ден на Унгарците, 15-ти Март.
Општина Кисела Вода, oвој голем ден за унгарскиот народ традиционално го одбележува заедно со Амбасадата на Унгарија во Македонија и Здружението на Унгарците во Македонија.
Амбасадорот Дукс ја потенцираше и желбата за соработка и договоривме следен состанок, како и можност за збратимување на општина Кисела Вода со унгарска општина која има сродни и слични потенцијали
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.