Со пригодна свеченост и со почитување на КОВИД 19 протоколите, денес, во ООУ „11 Октомври“, градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги отвори Училишните спортски игри за учебната 2021/2022.

По двегодишна пауза поради пандемијата од оваа година продолжија Училишните спортски игри во 8-те основни училишта во општината, кои се натпреваруваат во 4 спортови: кошарка, ракомет, фудбал и одбојка за девојчиња.

„Верувам дека со голема возбуда чекате да започнете со спортската борба и да дадете се од себе за на крајот на годината бидете победници или најдобри стрелци и играчи во сите 4 спортови. Од годинава, во спортските лиги ни се приклучуваат и учениците од новото основно училиште, ‘Киро Глигоров’, кои веќе ја добија својата соодветна спортска опрема и се подготвени рамо до рамо да се натпреваруваат со останатите ученици“, изјави на отворањето градоначалникот Герасимовски.

Општина Центар ќе продолжи да го поддржува спортот и здравиот развој на сите деца, а градоначалникот Герасимовски на учесниците на спортските игри им посака успех и на крајот на училишната година заедно да ги слават победите и заедно да им се радуваат на успесите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.