Општина Гази Баба ќе испрати финансиска помош за настраданото население од земјотресот во Турција и Сирија. Градоначалникот Бобан Стефковски очекувасоветниците а ја прифатат неговата иницијатива на итна седница на Советот на општина Гази Баба.

Општина Гази Баба е збратимена со општина Газиантеп, Република Турција која е најпогодена од земјотресот во Турција.

Во ова тешко време за турскиот народ со кои општина Гази Баба има одлична соработка уште од 2013 година, солидарноста и хуманоста се оние кои ме водеа при покренување на оваа иницијатива. Не е далеку 2016та година, кога токму нашата општина беше погодена од силно невреме кое зад себе остави човечки жртви и голема материјална штета. Тогаш за нас се обединија во хуманоста многу општини, градови и држави. Гази Баба не заборава! Гази Баба помага, напиша Стефковски на Фејсбук.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.