Ги известуваме корисниците на нашите услуги дека во пресрет на Денот на трудот 1 Мај и верскиот празник Рамазан Бајрам на 2 мај, на зонските паркиралишта со кои стопанисува ЈП Градски паркинг- Скопје нема да се врши наплата во недела 01.5.2022 и понеделник 02.5.2022 год.

Со редовна работа и наплата ќе работат двете катни гаражи: „Беко“ и „26ти Јули“ и јавните паркиралишта: Кочо Рацин, Треска, Градска Болница и клинички центар Мајка Тереза.

ЈП „Градски паркинг- Скопје“ на сите граѓани им го честита Денот на трудот 1 Мај, а на сите припадници на муслиманска вероисповед им го честита празникот Рамазан Бајрам.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.